Совети и трикови кои ќе ти помогнат подобро да си ја испеглаш косата

Совети и трикови кои ќе ти помогнат подобро да си ја испеглаш косата

Објавена во: Мода // Moj стил

Овие трикови досега може ти биле непознати.

Косата ќе ти изгледа поубаво и како да те испеглала фризерката. Само повлекувањето по прамените на косата не е најдобра тактика, а доколку се прашуваш зошто косата ти изгледа поубаво кога ќе те испегла фризерката, тајната мора да лежи во овие трикови.

# Дијагонално зимај прамени од косата

Кога ги зимаш хоризонтално, ќе добиеш рамна и права коса, додека доколку ја зимаш дијагонално ќе изгледаш лелеаво и убаво.

# Температурата на пеглата да биде ниска, а движењата бавни

Наместо да ја ставиш пеглата на највисока температура и да повлекуваш набрзина, направи го она спротивното. Бавното повлекување на пеглата која е уклучена на пониска температура ќе дава дава рамномерни резултатите, бидејќи топлината ќе се распредели низ целиот прамен.

# Насоката на пеглање

Се препорачува со пеглата да креираш благо закривување на косата кон внатре. Со помош на чешел движи ја пеглата, за да го креираш овој облик. Доколку вака ја пеглаш косата, тоа ќе даде природен ефект на твојот изглед.

# Започни од позади

Никогаш немој да почнеш да се пеглаш од едната страна, туку прави го тоа од позади. Ова е наједноставниот начин кој постоиу, а доколку не си го пробала тоа, време е да пробаш и да видиш.

# Важни се и препаратите кои ги користиш

Доколку ти треба косата да биде права повеќе од еден ден, производите за одржување на обликот се задолжителни. Читај што пишува на шишињата лак за коса и избегнувај да ги користиш оние кои содржат силикон.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: