Совршен за секое тело, а го носи и Хајли Бибер: Костим за капење кој ги полуде девојките
Без оглед на обликот на телото или моделот на костими за капење кој го претпочиташ, шансите дека овој тренд ќе биде совршен за тебе се загарантирани...
Во што е тајната? Зошто овој модел е совршен за сите? Дали е до материјалот од кој е направен или е во прашање нешто друго?
Пронаоѓањето на совршен костим за капење за некои девојки е вистински кошмар. Ти делува дека ниту еден не е совршен за тебе, не се чувствуваш удобно или никако не можеш да го пронајдеш костимот за капење кој ќе ги нагласи твоите атрибути, а ќе ги сокрие твоите недостатоци. Постои еден модел на костими за капење кој е совршен за сите девојки. Во него има нешто поради што изгледа одлично на девојките без оглед на тоа какво тело имаат. А, за кој модел станува збор?
Уште од минатата година многу девојки почнаа да го носат овој модел, но оваа година неговата популарност стана поголема. Станува збор за костим за капење изработен од малку поинаков материјал отколку оној стандардниот. Не мазен, туку е ребраст. Сигурно имаш налетано на фотографии на кои некоја девојка носи ваков модел. Од некоја необјаснива причина, овој малку стуткан материјал, особено доколку е комбиниран со ребрастиот, изгледа одлично. Не е важно дали си бела како сирење или пак си потемна, имаш облини или си многу рамна, овој костим за капење го извлекува најдоброто од секој.
Освен што изгледа добро, многу е важно што е удобен. Не мора да се плашиш дека нешто ќе ти испадне, дека ќе покажеш премногу или дека премногу ќе ти ја стисне кожата. Иако костимите за капење во овој стил се апсолутен хит, постои и едноделна верзија на истите, која подеднакво изгледа одлично.
Познатиот бренд Hunza G го популаризираше овој модел, а сега можеш да го најдеш насекаде и тоа по многу пристапни цени. Единственото нешто што треба да го направиш е да го пронајдеш моделот во кој ќе се чувствуваш најдобро, бидејќи има многу различни. Дали твојот избор ќе биде оној стандардниот - дводелен, каков што носи и Хајли Бибер или некој друг, зависи само од тебе.