Спиење со тампон во текот на ноќта или не: Може ли да добиеш инфекција или ништо не може да ти биде?
Доколку ова прашање некогаш ти помина низ глава, одговорот е тука...
Кога ќе дојдат оние денови во месецот, единствено сакаме што е можно повеќе да си го олесниме животот и да направиме да поминат побрзо и со што помалку проблеми. Менструацијата на никој не му е омилена, но тоа не значи дека не треба да знаеш повеќе информации за истата. Колку повеќе знаеш, толку полесно ќе ги поминуваш тие денови во месецот.
Преминот од влошки на тампони е сосема нормална работа за секоја девојка. Многу се подискретни, поедноставни за користење, а и не мора остатокот од денот да го поминеш во размислување за менструацијата - барем во оние денови кога не е обилна. Меѓутоа, колку и да се добри тампоните, би можело да бидат и малку страшни. Една од работите околу кои веројатно најмногу девојки се грижат е да не го остават предолго, бидејќи би можел да предизвика појава на инфекција. Така се појавува и прашањето - дали е сигурно да спиеш со тампон? Доколку не смееме да го носиме предолго, би требало ли за време на ноќта да носите влошка или е во ред да го оставиме тампонот? Дали тоа е вистинска грижа и може ли да се случи навистина да добиеш инфекција доколку спиеш со тампон?
Накратко, се зависи од тоа како спиеш. Доколку ги отвориш страниците на компаниите кои произведуваат тампони или доколку го прашаш твојот гинеколог, тие ќе ти кажат дека е во ред да носиш тампон до 8 часа. Па доколку спиеш 8 или помалку часа, апсолутно е во ред и сигурно е да го носиш и во текот на ноќта. Не може да ти се случи ништо, а тој ќе ја заврши својата „работа“. Сепак, доколку станува збор за викенд и знаеш дека нема да станеш од кревет пред ручен и дека постојат шанси да спиеш повеќе од 8 часа, можеби влошката е подобра опција. Во секој случај, доколку спиеш со тампон, стаго пред спиење. Така ќе бидеш најсигурна дека постапуваш како што треба.
Кога ќе станеш, смени го тампонот. Бидејќи, колку и да е безопасно да спиеш со него, носење со часови не е е добро. Предолгото носење на истиот тампон може да доведе до синдромот токсичен шок. Не звучи добро и не е добро. Станува збор за ретка, но опасна бактериска инфекција која може сериозно да ја оштети кожата и органите. Доколку носиш тампони кои имаат голема способност на впивање, тогаш би требало да внимаваш на редовното менување.
Па, на крајот од денот во ред е да спиеш со тампон, ништо не може да ти се случи.