Среде голем настан ѝ се случи непријатност: Камила Кабелјо се онесвести на премиерата на „Пепелашка“
Камила Кабелјо присуствуваше на холивудската премиера на својот филм „Пепелашка“, но како што се испостави, тоа не било толку пријатно искуство. Имено, како што се наведува, на Камила при доаѓањето на настанот во Лос Анџелес ѝ се слошило, па таа во еден момент ја изгубила свеста. Дека тоа е вистина, потврди и самата пејачка.
„Жал ми е, се онесвестив, но еве ме назад“ - ѝ кажа Камила на публиката, објаснувајќи поради што доцни со својот говор. „Јас буквално се онесвестив, но сега сум тука за да го прочитам говорот“. Случајното губењето на свеста може да биде причина за загриженост, но како што пишува „E! News“, ниту Камила, ниту нејзиниот тим не сакаат да разјаснат што точно се случило.
Наместо тоа, таа зборуваше за своето искуство за време на снимањето на овој долгометражен филм. „Можам само да кажам дека ова беше неверојатно искуство“ - исткана таа. „Јас верувам дека во ваков филм, сè што требаше да направам е да не згрешам нешто. Среќна сум што успеав во тоа. Благодарна сум им на сите кои веруваа во мене, доволно за да ми го овозможите ова“. Судејќи по нејзиниот шеговит говор, изгледа дека со Камила навистина е сè во ред.