Станете познати на Инста во 5 едноставни чекори: Како да добиете повеќе следбеници?
Совети како да добиете многу следбеници на оваа социјална мрежа...
Веруваме дека како и секоја личност барем еднаш имаш посакано да живееш во животот на Инста - инфлуенсерките. Во продолжение дознајте како едноставно (и релативно брзо) да добиете повеќе следбеници на Инстаграм, за да бидете чекор поблиску до остварувањето на таа желба.
# Бидете свои
Колку и да ви звучи ова како клише, всушност е многу, многу важна точка во вашата Инстаграм кариера. И сами знаете дека личностите и објавите на социјалните мрежи обично се лажни, исфорсирани и вештачки. Луѓето што се имаат заштите од тоа и сакаат да гледаат реални девојки со вистински тела и животи. Единствен начин да придобиете повеќе следбеници кои ќе ги ценат вашите мислења, совети и препораки е да останете свои, без оглед на спонзорствата и количината на следбеници.
# Објавувајте по нешто секој ден
Слепо се придвижувате кон овој свет. Морате да бидете активни на Инстаграм за да привлечете што поголем број на луѓе на својот профил. Колку почесто ќе објавувате, повеќе луѓе ќе ве забележат. Не мора да се оптеретувате секојдневно да објавувате совршено конструирани фотографии, туку можете да ги забавувате своите следбеници со „сториња“. Добра работа кај нив е то ашот на Инстаграм не мора да се трудите да бидете совршени, можете малку подобро да ја покажете својата личност, а тоа може да ви даде дополнителен извор на интеракција со пријателите. Објавувајте анкети, прашања или пак одговарајте на нивните често поставувани прашања.
# Изградете свој бренд
Скоро секој инфлуенсер на Инстаграм по нешто се издвојува од останатите. Секој популарен профил има одредена тема - па така постојат за убавина, мода, „лајфстајл“, фитнес, храна и многу други видови на инфлуенсери. Кој и да е вашиот талент или пак интересе, држете се до нив и однесувајте се како експерт во тоа поле. Изградете свој бренд на она што најдобро ви лежи и за што најмногу знаете. Имате кул моден стил и сакате да го споделите со светот? Со изградувањето на брендот, редовно советувајте ги и инспирирајте ги своите пријатели со одлични модни комбинации.
# Соработувајте со другите
Пронајдете личности во индустријата кои се занимаваат со слични теми и јавете им се за соработка. Лајкнувајте и коментирајте им ги објавите и договорете заеднички проект, како натпреварување. Таквата соработка ќе биде обострано корисна, бидејќи ќе ве заследат и нивните следбеници и обратно.
# Следете ја својата статистика
Својот профил на Инстаграм сменете го од приватен во деловен. Деловниот профил ќе ви овозможи да добивате увид во тоа какви содржини преферира вашата публика, кога се активни вашите следбеници, на што ставаат лајкови и како напредува вашиот профил на Инстаграм. Редовно проверувајте ги статистичките податоци и барансирајте се според нив. Објавувајте фотографии и сториња во оној период од денот, кога најмногу од нив се онлајн. Често објавувајте содржи кои вашите следбеници повеќе следат, лајкуваат и архивираат. Така ќе ја задржите моменталната публика и ќе привлечете нови следбеници.