Стануваме модни близнаци со бабите: Трендови кои ги гледавме само на нив, а сега ги обожаваме

Стануваме модни близнаци со бабите: Трендови кои ги гледавме само на нив, а сега ги обожаваме

Објавена во: Мода // Moj стил

Никој не очекуваше дека модата ќе отиде во тој правец...

Работите последните неколку години се променија, време е да започнеме да „крадеме“ облека од плакарот на нашите баби. Сите модни парчиња кои ги носат бабите, ги носиме и ние младите. Инфлуенсерките го започнаа овој тренд, а сега се толку популарни што тие се насекаде околу нас.

Твојата баба најверојатно не е ниту свесна за тоа колку нејзината модна комбинација всушност е популарна на Инстаграм. Доволно е некои од најпопуларните инфлуенсери да започнат да носат одредени модни комбинации за да тие да станат популарни кај младите. Па така во последната една година во нашето секојдневние се вовлекоа стиловите и модните парчиња кои порано ги гледавме само на бабите. Сега истите тие трендови многу често ги гледаме и на младите. 

Во продолжение е листата од 8 трендови кои ни доаѓаат директно од плакарите на нашите баби, а сигурни сме дека некои од нив ќе ги носиш и ти:

# Костими за капење кои изгледаат како долна облека

Дводелните костими за капење кои по својот дизајн изгледаат како долна облека е стилот што го носеле бабите и жените над 50 години, а сега ги носиме сите.

# Дебел и гломазен златен накит

Гломазните златни ланчиња, прстени или дебелите округли златни обетки некогаш можеа да се видат само на „кул“ бабите, но сега еднакво ги носат и младите.

# Блуза со долги ракави околу рамената

И додека бабите се покриваат со блуза околу рамената за да не им дува, младите ќе го направат истото за нивната комбинација да изгледа уште покул.

# Марами со принт на главата

Ова моментално е еден од големите модни трендови и можеш да го видиш насекаде. 

# Плетени џемпери

Има ли модно парче кое повеќе потсетува на „баба“? Но, признај дека сигурно и ти во последната година имаш купено барем едно вакво парче облека.

# Чантата на баба

Малите чантички кои имаат цврста структура и кратка рачка сега не се резервирани само за бабите.

# Долна облека со висок струк

Памучната долна облека со висок струк веќе е ИН. Ова можеби не е стил за скеој, но оние кои ја одбираат удобноста пред секси изгледот, сигурно веќе имаат вакви парчиња.

# Накит од бисери

Бисерните ланчиња, нараквици и обетки сега ги носат и младите девојки.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: