Сте ја имале ли некогаш: Фризерите тврдат дека постои фризура која одговара на секој облик на лице
Не е тајна дека токму боб - фризурата е најпопуларна во последните години и дека се повеќе ѕвезди се одлучуваат да ја скратат косата - затоа што е безвременска и одговара на секој облик на лице. Искрено, не сме многу изненадени со ова „откритие“. Меѓутоа кога станува збор за тип на фризура која стилистите за коса најчесто ја истакнуваат како таква што прилега на секој - дојдовме до едно ново сознание.
Дали знаевте дека залижаната фризура им одговара на сите?
Иако текстурата на косата е одговарна за тоа дали одредена фризура ќе ви одговара или не, но кај залижаната коса е супер тоа што благодарение на препаратите лесно се скротува - без оглед на тоа дали имаш густа, долга или ретка коса.
Исто така, оваа фризура можеш да ја носиш на многу настани. Можеш да изгледаш „кул“ на многу забави, родендени, свадби и слично.