Стефонатор откри дека има тумор: Искрено раскажува за голготата низ која поминува
Сигурно забележевте дека изминатите месеци од Јутјуб сцената како да се повлече еден од највлијателните јутјубери во Македонија, Стефонатор. Имено, Стефан Рашковиќ иако постојано споделуваше видеа, тоа не беа видеа какви што тој вообичаено објавува на својот јутјуб канал. Изминатите месеци на неговиот Јутјуб профил може да најдете само стримови на кои едвај се гледа во малата коцкичка која е во некој агол и видеа од серијалот 90 секунди.
Причината за ова ја откри во видео долго скоро 22 минути, а на истото му стави наслов „Време е да зборуваме“. Низ солзи во очите и кнедла во грлото Стефонатор со своите обожаватели сподели дека минатото лето му се појавил тумор на тестисите. Од денот на соопштување на оваа информација, па се до денес, тој се потруди на своите обожаватели да им ја доближи голготата низ која поминувал.
Испитувања еден тој, една операција, хемотерапии, а потоа веста дека ќе мора да оди на уште една операција.
Ова видео е преполно со емоции, кои како што можете да видите Стефонатор едвај ги контролира. По објавувањето на истото, тој сподели и фотографија на социјалната мрежа Инстаграм, преку која откри како изгледал веднаш по првата операција.
„Ова е сликата што ја им ја пратив на најблиските после првата операција. Вака насмеан ќе ја поминам и втората. Ќе пробам да вратам на што повеќе пораки, но ќе биде невозможно да вратам на сите. Затоа еве тука - фала ви. Ми значи секој збор. Уште само еден чекор. Ве сака Стефан“ - стоеше во описот на фотографијата, на која освен поддршката на обожавателите, јавно ја доби поддршката и од многу познати личности.