„Те сакаат мама и тато до аголот на вселената“: Синот на Тијана порасна, еве колку години наполни
Вук, синот на пејачката Тијана Дапчевиќ, наполни 15 години. Таа му честиташе роденден со видео составено од заеднички фотографии на Инстаграм.
„Сине, среќен 15-ти роденден. Биди здрав и среќен. Те сакаат мама и тато до аголот на вселената“, напиша Тијана.
Во една прилика пејачката изјави дека Вук е нејзина копија. Таа тогаш сподели фотографија на која направи споредба помеѓу себе и нејзиниот син. А двете фотографии се од времето кога и Вук и Тијана биле бебиња.
Фото: Инстаграм