Тексас трендот го преплави инстаграм: Еве како српските инфлуенсери го комбинираат оваа пролет
Можеби вашето прво сеќавање е тексасот на џинсот на Бритни
Спирс и Џастин Тимберлејк од 2001 година на настанот на Американските музички
награди, но верувајте дека денешниот тренд на комбинирање фармерки и тексас јакнички е нешто сосема
друго.
Овој пат вниманието ни го привлекоа токму такви парчиња, кои не сме ги носеле со сезони. Од тексас фустани, преку здолништа и кошули, па се до комбинезони оваа пролет ќе биде задолжително парче во гардероберот.
Тексас здолништата се вратија во центарот на модните случувања. Станува збор за парче кое е застапено во различни нијанси на тексас. Најсмелите модничарки одлично ќе ги поврзат со нивната омилена тексас јакна и ќе создадат одлични комбинации.
Фото:Wanted/instagram