Темел на добaр стајлинг: Стилистката на Бела и Џиџи Хадид открива што треба да имаме задолжително во плакарот
Со оглед на тоа колку супер се облечени овие две сестри секогаш, ќе веруваме на зборот на нивните стилисти.
Мими Котрел е лицето кое со години соработува со овие две сестри и лицето кое стои зад стајлинзите што ги носат и што подоцна сите сакаат да ги копираат. Покрај сестрите Хадид, стилистката соработува и со други познати ѕвезди како Лили Роуз Деп и Пријанка Чопра Џонас.
На само 28 години, Мими постигна многу, а ние ги сакаме и нејзините модни совети. Иако немаме доволно пари за да ги резервираме нејзините услуги, го најдовме советот што го даде во едно од интервјуата.
А ова се 5 парчиња облека што таа тврди дека секоја девојка треба да ги има во својот гардеробер. Тие се основа на добар стил.
# Пар фармерки на кои секогаш можете да се потпрете
Со фармерки можете да комбинирате сè и сешто. Важно е да се има тој пар за кој знаете дека нема да ве изневери и ќе изгледа добро со што и да го комбинирате. Советот на стилистката е дека не треба да бидат тесни фармерки, туку некои поопуштени или со прави ногавици. Такви модели изгледаат добро и со патики, и со потпетици или сандали.
# Сако
Ќе ви биде корисно за малку да го воздигнете обичниот секојдневен изглед, а во пролет и есен може да се носи како лесна јакна. На фармерки и маица со принт, сако изгледа одлично.
# Црна и бела маица
Задолжително нешто што треба да го имате во плакарот се двете најпотребни маици со кратки ракави - едната во бела, а другата во црна боја. Тие се одлични за повеќеслојни аутфити.
# „Бизнис“ класични панталони во линии
Никогаш не е рано да се набави еден деловен пар панталони. Можете исто така да ги носите во секојдневни комбинации со некоја „луда“ маица и патики или да ги имате за специјални прилики.
# Класична бела кошула или со малку детали
И на крај, парчето облека што ви треба во вашиот плакар е класична бела кошула. Не тесна, туку кошула што ќе ви биде дури и малку „оверсајз“ ако треба. Ако тоа е кошула која е долга, можете да ставите појас околу неа во текот на летото и да имате фустан. Толку многу од само едно парче облека!
извор: teen385