Теодора ја отвори вратата од новиот стан: Момчето ѝ помага во опремувањето, а еве кои ќе ѝ бидат први соседи (ФОТО)

Теодора ја отвори вратата од новиот стан: Момчето ѝ помага во опремувањето, а еве кои ќе ѝ бидат први соседи (ФОТО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Теодора Џехверовиќ, српската пејачка ги отвори вратите од својот нов дом и на фановите на Инстаграм им покажа како ќе изгледа.

Пејачката и поранешна учесничка во реално шоу, неодамна купила стан во една белградска населба.

Теа на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледа како нејзиното момче Нино ѝ помага во опремувањето на станот.

- Драги мои, клучевите се овде. Ги имам најдобрите соседи на светот. Ни претстои сериозна работа – напиша пејачката, наведувајќи дека брат ѝ и снаа ѝ ѝ се соседи.

Како што претходно пишуваа медиумите, Теодора Џехверовиќ наводно искеширала 250.000 евра за станот, а пејачката демантираше.

- Мојот стан не чини колку што веќе почнавте да зборувате и пишувате дека чини! Станот е на нормална локација, каде што цената за квадрат е нормална. Еден мал, убав и сладок стан – изјави претходно Теодора.


извор:telegraf.rs

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: