Тетоважа посветена на Бред Пит: Анџелина Џоли има нов цртеж на телото и има врска со нејзиниот поранешен сопруг
Папараците го уловија овој детаљ...
Актерката Анџелина Џоли е позната како голем љубител на тетоважи и своето тело го има украсено со неколку цртежи, а кај претставниците на медиумите не помина незабележано најновата.
Таа се наоѓа на подлактицата и се состои од натписот „Eppur si muove“, познатиот цитат на Галилео Галилеј и значи „Сепак се движи“, а потекнува од 1633 година, кога познатиот научник беше приморан да го повлече своето тврдење дека Земјата се врти околу Сонцето.
Американските медиуми ова го толкуваат како верување дека вистината мора да исплива на виделина и тетоважата ја поврзуваат со борбата за старателството која Анџелина ја води со поранешниот сопруг Бред Пит, а во која неодамна судот одлучи таа и Бред да го делат старателството над шесте деца.
Актерката новата тетоважа ја покажа за време на прошетката во Њујорк и ручекот во еден ресторан за брза храна. За оваа прилика носеше тренди модна комбинација, која го привлече вниманието на медиумите и покрај едноставноста.
Инаку Анџелина на своето тело има неколку тетоважи, а за тоа кои делови од телото се покриени со тетоважи погледнет ево продолжение:
фото: SHUTTERSTOCK