„Ти си мојата гордост, те сакам“: Уна Чолиќ со посебна честитка за 72-от роденден на татко ѝ Здравко
Една од
најпопуларните балкански ѕвезди на сите времиња, пејачот Здравко Чолиќ наполни
72 години. Честитки пристигнуваа од сите страни, а најпосебен впечаток остави
честитката од постарата ќерка на Здравко, Уна.
-Среќен роденден на најдобриот татко! Моја гордост, те сакам!, напиша Уна на својата објава на социјалните мрежи.
Инаку, Здравко Чолиќ важи за една од најголемите, а можеби и најголемата музичка легенда од времето на поранешна Југославија се до денес. Со неговите хитови познати хитови и надалеку препознатлива убавина, Здравко ги полнеше сите концерти до полседно место каде и да патува. Зад себе има премногу хитови, десетици албуми, а неговите настапи се се уште едни од најпосетените.
Фото: UnaColic/instagram/ZdravkoColic/Facebook