Тие се магнет за бактерии: Колку често треба да се мијат четките и чешлите?

Тие се магнет за бактерии: Колку често треба да се мијат четките и чешлите?

Објавена во: Мода // Moj стил

Доколку се чешлаш секој ден, а претпоставуваме дека повеќе од вас го прават тоа, логично е дека нечистотијата од косата се пренесува и на чешелот.

Зошто би требало чешелот или четката кои најчесто ги користиш редовно да ги миеш? Експертите советуваат дека тоа се прави еднаш неделно, но истакнуваат дека оваа навика ја имаат многу малку луѓе, иако валканите четки може да доведат до сериозни здравствени проблеми.

Од испрелетената коса до остатоците до остатоците од производите за стилизирање на косата, она што е натрупано во четките претежно е видливо со голо око. Но, постојат голем број на „невидливи“ грини, како и мртви клетки од кожата кои создаваат продна почва за развој и раст на бактерии и го зголемуваат ризикот од инфекција.

Ситните организми кои живеат на чешелот, исто така помагаат во потребата за побрзо миење на косата и може да ја измастат и непосредно по миењето, поради што експертите советуваат чешлите и четките да се мијат често колку косата.

Доколку се прашуваш како да ја измиеш четката или чешелот, тоа е многу лесно. Се што ти е потребно е малку нежен сапун или детски шампон и млака вода. Чешлите и четките по миењето треба задолжително да се исушат.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: