Тие се највозрасните инфлуенсери: Баба и дедо имаат повеќе од 200.000 луѓе

Тие се највозрасните инфлуенсери: Баба и дедо имаат повеќе од 200.000 луѓе

Објавена во: Мода // Moj стил

Брачниот пар Трингстон од мало село во Англија, започна да споделува видеа за да биде во контакт со семејството. Набрзо на Инстаграм добија повеќе од 200.000 следбеници.

„Направивме профил, бидејќи имаме големо семејство кое не живее со нас, па не можеше да види што работиме. Во почетокот споделував видеа од својата сопруга“ - раскажува 89 - годишниот Џефри Вокер. Со сопругата, 86 - годишната Паулина го водат Инстаграм профилот кој стана вистински вирален хит, а тие станаа сениор инфлуенсери. На Инстаграм имаат повеќе од 200.000 следбеници.

„Искрено, не очекувавме дека ова ќе се случи“ - вели дедото инфлуенсер.

Сето ова кулминирало, откако во мај 2017 година некој споделил нивна фотографија од Инстаграм на Твитер. За многу краток период добиле повеќе од 150.000 „лајкови“, а обожавателите веднаш започнувале да ги следат.

„Вечерта имавме 80 пријатели, а кога се разбудивме имавме 18.000. Се прашавме што се случува. Оттогаш не застанавме, секоја недела добиваме барем по 1.000 пријатели“ - раскажува брачниот пар. Ги следат луѓе од сите земји во светот кои уживаат во нивните авантури.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: