ТикТок видео стана вирално: Како да направите локни без никаква опрема?

ТикТок видео стана вирално: Како да направите локни без никаква опрема?

Објавена во: Мода // Moj стил

Обично видеата со некој танц или предизвик од ТикТок стануваат вирални, но сега, последното видео кое ги полуде девојките покажува како да направиш совршени локни. И тоа без да користиш никаква опрема кои ќе ти ја загрева и уништува косата.

Секогаш сме подготвени да ги пробаме сите можни начини на кои можеме да добиеме совршени локни кои ќе бидат опуштени, кои нема да се преголеми, а ни помали. И додека на јутјуберките и Инста девојките тоа некако им успева, секако со помош на електрични уреди - пегла, фигаро... Сега една девојка на ТикТок со светот сподели видео како на свој начин ги добива најсовршените локни. И сите беа воодушевени. Тоа видео е погледнато од повеќе од 1 милион луѓе. Бријана Хармон не е познато име на оваа социјална мрежа, а ова е едно од ретките видеа кое стана толку популарно.

@bacardibri123

This is cringeworthy but 10/10 would recommend ##fyp ##foryou ##DecadesofHair ##coronavirus

Buttercup - Jack Stauber

Како што можеш да видиш, таа своите локни ги прави со помош на појасот од својата наметка. Иако ова сигурно не ви е за верување, Бријана тврди дека ова е навистина можно. Одлична работа е тоа што за ова не ти се потребни дополнителни уреди кои со топлината ја уништуваат косата, а она што треба да го направиш е еден ден пред да посакаш локни, да ја оставиш косата да стои замотана со појасот. Станува збор за обичен појас од наметка, кој сите го имаме дома. Можеби на прв поглед ќе ти делува малку комплицирано, но кога ќе започнеш брзо ќе сфатиш. Со оглед дека станува збор за ткаенина, малку ќе ти биде чудно да спиеш така, но не грижи се, нема многу да ти пречи.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: