Тинејџерката Меган Маркл: Била „срцекршачка„ и сите ја сакале
Не стивнуваат коментрите
за Меган Маркл. Поранешната Војвотка пред да го сретне Хари, дури и уште
порано, во нејзините тинејџерски денови, била вистиска „срцекршачка„. Ова во
емисијата „Reality Life“ го откри американската риалити ѕвезда Нема Ванд, поранешен другар на Меган од училишните клупи.
Дури и дека си „играла и со неговото срце„.
– Таа знаеше точно што прави, си играше со нашите срца како професионалец, започна тој.
– Бевме на една забава, таа ми се доближи и се допревме нос со нос. За еден 16-годишник тоа е прилично емотивен момент, додаде Нема.
– Мојот пријател Габи со кој израснав се забавуваше со Меган во средно училиште, а после тоа со години беа пријатели, се додека не ја доби улогата во серијата „Suits“. По тоа само го избриша од нејзиниот живот. Тоа многу го повреди, рече тој.
– Меган беше прекрасна девојка, жена меѓу девојчињата. Сите беа заљубени во неa. Беше слатка и многу љубезна. Сите и се восхитувавме, заклучи тој