Топло и модерно: Крзнените папучи се тренд оваа зима
Кога ќе пристигнат студените денови, а омилената летна облека се крие во спротивниот агол од плакарот, вистинско време е сандалите да ги замените со влечки со вештачко крзно.
Можат да бидат топли, а модните експерти тврдат дека се најмодерните „чевли“ на сезоната. Крзнени папучи со бисери ги промовираше најпознатата блогерка Кјара Фернанги, а Ријана пред неколку сезони претстави специјална колекција на папучи со вештачко крзно за брендот Puma. Овие влечки не се најпрактичниот вид на обувки, но се толку женствени, меки и слатки што е тешко да им се одолее.
Можете да ги носите со фармерки, фустани, па дури и тренерки. Познатите дами се почесто избираат крзнени влечки наместо патики или балетанки. Крзнените папучи ќе изгледаат добро и со кожена јакна и палто. Ако сè уште не сте подготвени да носите крзнени папучи со бисери во сина или розова боја, изберете поедноставни модели во црна, кафена или бела боја. Во секој случај ќе привлечат внимание, а зачудените погледи на минувачите се секогаш добредојдени.
Погледнете ги инспиративните стилови со папучи во фотогалеријата.
Извор: Zenskimagazin.rs