ТРЕБА ДА ЗНАЕШ: Причини поради кои те боли главата од носење на „коњско опавче“

ТРЕБА ДА ЗНАЕШ: Причини поради кои те боли главата од носење на „коњско опавче“

Објавена во: Мода // Moj стил

„Коњското опавче“ е фризура која повторно се врати во мода и е една од најлесните и најбрзи начини за да ја средиш косата, но секако е и еден од најболните. Тоа го знае секоја од вас, која барем еднаш ја носела вака врзана косата, неколку часа во текот на денот. Главата потоа толку те боли, а особено темето кое не можеш да го допреш од болови. Експертите објаснија зошто е тоа така, а во продолжение прочитај и донеси одлука да и понатаму често ќе носиш „коњско опавче“.

Кога косата се врзува во „коњско опавче“, тогаш се повлекуваат нервите низ целиот скалп, па поради тоа се јавува болка. Постои уште една работа кај оваа фризура, која ја објасни д-р Денис Е. Чоу, која е невролог од Колумбија. Нештото што во медицината се нарекува „cutaneous allodynia“ е појава кога чувствуваме болка поради некои работи кои во суштина не се болни. Тоа значи дека постапката на врзување на косата во „коњско опавче“ не е самата по себе болна, но мозокот ја памети како нешто што предизвикува главоболка. 

По сево ова, најдобро би било да го избегнуваш секојдневното врзување на „коњско опавче“, особено кога си по неколку часа на училиште, бидејќи болката во главата ќе ти го одвлекува вниманието и ќе ти пречи да се сконцентрираш на часовите. Исто така, немој поради ова редовно да пиеш лекови против главоболка, затоа што истата може само да се зголеми.

На распологање имаш многу фризури, па уживај правејќи ги!


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: