Трикови за убавина: Како да имаш беспрекорен тен како сестрите Џенер

Трикови за убавина: Како да имаш беспрекорен тен како сестрите Џенер

Објавена во: Мода // Moj стил

Во продолжение имаме неколку трикови кои овие убавици ги користат за да го добијат и зачуваат беспрекорниот тен

Често им завидуваме на познатите личност за беспрекорниот тен, особено го земаме предвид фактот дека тие многу често користат шминка за потребите на разни снимања.

Најдобар пример за тоа се сестрите Џенер кои веќе со години ги диктираат мејкап трендовите - еве неколку трикови кои овие убавици ги користат за да го добијат и зачуваат беспрекорниот тен:

# Избришете ја шминката пред спиење

„Секој ден пред спиење ја отстранувам шминката и тоа би требало да биде златно правило на секоја девојка. Потоа следува чистење и откако кожата е чиста нанесувам крема“ - објасни Кајли Џенер.

# Допирањето на лицето е забрането

„Постарите сестри ми дадоа најдобар совет. Бидејќи Кортни, Ким и Клое се постари од нас го имаат поминато она што го поминуваме ние, а тука е вклучена и негата за лице. Ми кажаа никогаш да не го допирам лицето со валкани раце, никогаш да не го „копам“ и редовно да нанесувам хидратантна крема“ - кратко и јасно кажа Кендал Џенер.

# Рутината на чистење на лицето се промени

Ништо не е како порано, технологијата дефинитивно влегува во сите сфери на нашиот живот. Таа не го менува само начинот на кој комуницираме, туку и како се грижиме за себе. Твојата мајка можеби во младоста само го миела лицето, но сега имаме и разни средства за чистење на лицето и креми за разни намени и типови на кожа. А, паметните и иновативни производи паметно се грижат за вашето лице.

# Вода, вода и само вода

„Водата го хидратизира целото тело, па така и лицето. Кожата ќе ви биде поздрава, тенот многу поубав и ќе се чувствувате подобро“ - вели Кајли, а ние се согласуваме со неа. Можеш да си купиш кул шишенце или да инсталирате апликација на мобилниот кој ќе те потсети дека мора да пиеш доволно вода и така грижата за телото може да ти стане и забавна.

Може да ве интересира:

Сѐ има рок на траење: По 20 сезони, реалното шоу на Кардашијан престанува да се снима

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: