Сѐ има рок на траење: По 20 сезони, реалното шоу на Кардашијан престанува да се снима

Сѐ има рок на траење: По 20 сезони, реалното шоу на Кардашијан престанува да се снима

Објавена во: Совети // Семејство

Официјално е потврдено...

Семејството Кардашијан - Џенер и телевизијата E! соопштија дека реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ ќе престане да се емитува по 20 сезони.

„Со тешко срце се поздравуваме со серијата „Во чекор со Кардашијан“. По 14 години и 20 сезони, над стотина епизоди и неколку „спин-оф“ емисии, како семејство одлучивме да ја завршиме оваа посебна авантура“ - стои во соопштението кое на социјалните мрежи го објавија сите членови на семејството.

„Благодарни сме ви што не гледавте сите овие години - во добро и зло, среќа, тага и многу врски и деца. Засекогаш ќе ги цениме прекрасните спомени и многуте луѓе кои ги запознавме“ - продолжуваат во соопштението.

„Благодарни сме на илјадниците луѓе и компании кои беа дел од ова искуство и благодариме на Рајан Сикрест што веруваше во нас, каналот Е! што ни беше партнер и продукцискиот тим Bunim/Murray кои поминаа неброени часови снимајќи ги нашите животи“ - се завршува соопштението.

Последната сезона ќе биде емитувана на почетокот на 2021 година.

Серијата „Во чекор со Кардашијан“ премиерно беше емитувана на 14 октомври 2007 година, а покрај главната серија, снимени се уште 12 „спин-оф“ серии.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: