Уморот и недостатокот од сон не се единствени причини: Зошто имаш подочњаци?
Темни, понекогаш и отечени прстени под очите се навистина здодевни. Иако обично ги имате кога сте уморни и поспани, тие може да се појават и поради некоја од овие причини...
# Имаш алергија
Доколку си на нешто алергичен подочњаците може да се појават кога ќе ти се активира таа алергија. Тоа е некој вид на постепено хиперпигментација на кожата - како што стручно го кажуваат лекарите. Подочњаците може да ти се појават и кога имаш грип.
# Имаш тенка кожа
Секој од нас има тенка кожа на подрачјето под очите. Но, личностите кои имаат екстремно светол тен, обично имаат потемни подочњаци, бидејќи крвните жили и мускулното ткиво под кожата повеќе им се истакнува, отколку кај оние со темен тен.
# Јадеш пресолена храна
Доколку си љубител на многу солена храна, твоето тело поради преголемото количество на сол ја задржува течноста. Таа се задржува на различни места, а помеѓу останатото и под очите. Значи - помалку сол.