
УНИБанка АД Скопје станува Генерален спонзор на Тениската федерација на С.Македонија
Тениската федерација на С.Македонија со задоволство најавува дека УНИ Банка АД Скопје станува Генерален спонзор на федерацијата.
Ова партнерство претставува важен чекор во развојот на тенисот во нашата држава и ќе обезбеди дополнителна поддршка за остварување на значајни проекти од Програмата за работа на федерацијата. Поддршката од страна на Банката вклучува настани, турнири, обуки и тениски фестивали кои ќе создадат платформи за развој и натпреварување на спортисти од сите возрасти. Со овие активностти се очекува значителен напредок во организацијата на домашни и меѓународни турнири, како и продолжување на соработката со светски познати тренери и тенисери, што ќе обезбеди нови можности за промоција на талентираните младинци и за остварување на нивните амбиции во светот на тенисот.
[img src="https://faktor.mk/media/inline/2025/03/145230Capture.JPG">
„УНИБанка дава значаен придонес во спортот во Македонија и имаме огромна чест што овој пат се вклучува исо поддршка на Тениската федерација. Се надеваме дека заеднички ќе постигнеме нови успеси, ќе реализираме настани кои ќе се паметат и ќе бидат мотивација и инспирација за идните генерации тенисери“, изјавија од Тениската федерација на С.Македонија.
„УНИБанка станува горд партнер на Тениската федерација на С.Македонија и со задоволство ја воспоставуваме оваа соработка. Поддршката на спортот и младите таленти е составен дел од нашата корпоративна одговорност и веруваме дека ова партнерство ќе придонесе за позитивна промена во тениската заедница“, изјавија од Управниот одбор на УНИБанка АД Скопје.
УНИБанка е препознаена по својата општествена одговорност и поддршка во спортот, а најмногу и како организатор на традиционалниот тениски турнир UNIBANK Invitational, кој годинава ќе се оддржи петта година по ред. Оваа иницијатива на Банката сега е проширена со партнерство и генерално спонзорство на Тениската федерација на С.Македонија.
ПР објава