Веруваш ли во љубов на прв поглед? Размисли повторно!
Експертите објаснија дали воопшто може да постои љубов на прв поглед!
Сигурно сте го доживеале она чувство на луда заљубеност кога веднаш сте помислиле дека – тоа е тоа! Желудникот ви се стегнува, не престанувате да си правите романтични филмови во главата и личноста која ви се допаѓа е најдобра и најпрекрасна. Но, можеме ли тоа да го наречеме љубов?
Научниците открија дека тоа е нешто сосема поинакво и дека не треба да мислиме дека ќе се венчаме со некој само затоа што сме осетиле „пеперутки“ кога сме го виделе, пишува Cosmopolitan.
Заљубеноста е спој на електрицитет кој струи во нашето тело и се чувствуваме извонредно поради тоа, но кога зборуваме за љубовта, можеме да кажеме дека тоа е една сосема поинаква димензија. Експертот за врски и психолог Niloo Dardashti од Њујорк за што станува збор:
„Кога зборуваме за љубов, тогаш зборуваме за интимност, прифаќање на нечии маани и поврзување со истата личност и покрај сите маани. А сето тоа е нешто што не можеме да го знаеме за личноста во истиот момент кога ќе ја запознаеме.“
Она што личносноста чувствува во првите неколку минути од запознавањето е резултат на силната привлечност, но од тоа запознавање дури подоцна може да се развие љубов.
Заклучокот е многу едноставен: љубов на прв поглед не постои. Постои само заљубеност и допаѓање.