(ВИДЕО) Сталоне повторно го глуми Рамбо: „Имам помалку акциони сцени“
Легендарниот Рамбо се враќа на големото платно! Кон крајот на септември премиерно ќе се прикаже петтиот дел од акцијата „Rambo: Last Blood“ во кој повторно главната улога ќе ја има Силвестер Сталоне.
Еден месец пред премиерата е објавен трејлерот. Дејството на филмот се одвива во Мексико и САД, а Рамбо живее на ранч и боледува од PTSP.
„Мора да се соочи со минатото и да ги открие своите неверојатни борбени вештини за да се одмазди во последната мисија. Тоа го означува последното поглавје на легендарниот лик“ - пишува во описот на новиот трејлер.
Сталоне не е млад како некогаш додека го глумел Рамбо и признава дека морал да го намали бројот на акционите сцени во кои глуми.
„Срцето сака, но телото ми порачува да останам дома. Како оние борци кои ќе застанат на последниот меч. Препушти го тоа на некој друг“ - се пошегува неодамна актерот.