Во моментов е хит фризура за по дома: Џенифер Анистон ја носеше на црвениот килим
Додека сонуваме за фризурата или бојата на коса за која ќе се одлучиме кога социјалното дистанцирање ќе биде зад нас, постои уште тренд кој е многу лесен за следење, а за кој сигурно се уште не сте свесни. Станува збое за фризурата „пердувести врвови“. Бидејќи не сме во можност професионално да ја стилизираме, таа ни е малку виткана и делува малку бушаво.
Додека ви делува дека овој тренд настана случјано, пред 15 - тина години многу дами одеа во салони за фризерките да им ја направат фризурата на овој начин, а вие без многу труд ја добивате истата. Главната предводничка на овој тренд своевремено беше Џeнифер Анистос, а лесните локни како пердуви беа нејзин заштите знак на почетокот на 21 век. Иако денес носи рамно испеглана коса, многумина изненади кога во ноември минатата година повторно се појави со фризурата која гордо ја носеше 10 години порано.