
Во служба на убавината: Како медот му помага на твоето лице?
Доколку не следиш, тогаш знаеш дека често даваме предлози како сама да си допринесеш за својот изглед.
Медот е твојот најдобар пријател кога негата за кожа е во прашање, бидејќи ги намалува иритациите, ги убива бактериите, негува и храни, а сето тоа го прави на природен начин, без никакви хемикалии.
Во, продолжение ти подаруваме неколку совети како можеш да го искористиш медот во секојдневните рутини за убавина.
# Усни
Медот може да послужи како третман за искупани усни, а доколку го измешаш со малку шеќер можеш да направиш природен пилинг за усни.
# Мозолчиња
Како што веќе истакнавме медот ги убива бактериите кој е прекрасен во борбата со мозолчињата. Доколку до сега на мозолчињата стававте паста за заби - замете ја со мед и нанесете го директно на проблематичното подрачје. Медот нема претерано да ја исуши кожата, како што го прави тоа пастата и ќе ја избегнеш појавата на долготрајни белези.
За да се спасиш од мозолчињата измешај мед со лимонов сок и смесата нанеси ја на деловите на лицето кои се полни со мозолчиња. По половина час измиј се со млака вода, а третманот повтори го два пати неделно.
# Белези
Органскиот мед помага белезите побрзо да зараснат. Кога ќе дојдеш дома, исчисти го делот од телото на кој се наоѓаат белезите и намачкај ги со мед. Доколку можеш, пушти ги да делуваат неколку часа. Белезите нема во потполност да исчезнат, но со текот на времето ќе бидат помалку видливи.
Можеби ќе ве интересира:
