Војаж ги изненади обожавателите: По неговата објава сите се шокираа!
Популарниот изведувач Михајло Веруовиќ, попознат како Војаж, им ги откри на обожавателите своите планови поврзани со новата песна.
Имено, Војаж и неговата девојка Бресквица вредно работат на својата музичка кариера и често ги радуваат своите обожавателите со некоја нова песна.
Тој одлучи преку својот Инстаграм профил, да одговори на прашањата на своите обожавателите, а најчестото прашање беше во врска со новата песна и датумот на излегување на истата.
„Голем дел од мојата екипа се лути на мене, затоа што детски ја најавувам песната без договор со нив. Но, мислам дека ќе биде во септември, јас им се извинувам на моите луѓе, но очекувајте нова песна во септември, можеби октомври, но најверојатно во септември“ - рече тој.
Исто така, во последно време не е толку активен кога се во прашање социјалните мрежи, на што му забележија следбениците и за го прашаа и за ова.
„Подготвуваме нешто ново, сметаме дека ова ќе биде потполно поинакво од сето она што го слушнавте досега, затоа што самиот спој на песната е неочекуван, но мислам и дека многу ќе ви се допадне“ - додаде тој.
Може да ве интересира:(ФОТО) Им помага на луѓето: Војаж покажа зошто е горд на својата мајка