Време е да заблескате: 5 најдобри мејкап трикови за најдобро селфи
Доколку си обожавател на правење селфи, веројатно веќе имаш откриено кој агол и начин на шминкање најмногу ти одговара. Сепак, фотографирањето од блиску може да открие многу работи кои можеби не сакаш. Еве како можеш да го истакнеш она што е најубаво кај тебе...
# Мат шминката на фотографиите сепак излегува подобро, бидејќи светлото не се рефлектира. Затоа на усните наместо сјај, нанесете мат кармин. Исто така, избегнувајте ги пастелните нијанси, бидејќи тие секогаш изгледаат бледо.
# Секогаш на дневна светлина провери како се имаш нашминкано. Вештачкото светло може да понуди погрешка слика, па така можеш да претераш со шминката.
# Доколку имаш темни подочњаци, прекријте ги со коректор, но внимавајте добро да го нанесете. Фотографирањето од горен агол помага подочњаците да се помалку воочливи, но сепак мора да го кренете лицето кон мобилниот.
# Сакате ли на селфито да изгледате витко, тогаш испробајте го трикот кој го користат топ - моделите: кренете го мобилниот високо над главата и свртете го отприлика за 45 степени настрана. За да го избегнете појавувањето на подбрадокот и да ги спуштите рамена.
# Бидејќи камерата секогаш го прави лицето благо заматено, на јаболкниците нанеси бронзер за да ги нагласиш контурите на лицето. Но, бидејќи природното е секогаш најубаво, не претересувај количината на шминка која ја нанесуваш.