Време е за забава: Најдобрите совети за идната кралица на секоја забава

Време е за забава: Најдобрите совети за идната кралица на секоја забава

Објавена во: Мода // Moj стил

Истакни ги очите, избери гардероба во која се чувствуваш прекрасно, додај накит, малку светкав мејк-ап и сезоната на забави може да започне. Одбравме неколку трикови и совети како да новогодишните забави - и сите останати - да изгледаш совршено!

# Промената е одлична

Најважно правило на секој впечатлив изглед за забава гласи - биди поинаква! Не е во тоа да се разликуваш од останатите, поентата е да биде поинаква од својата „секојдневна појава“. Доколку постојано си во панталани, време е за фустан. Доколку твојата коса секогаш е врзана, сега направи локни. Изненади ги сите со неочекувана промена.

# Започни од миризливата купка

Подготовките за секоја забава, особено за онаа долгоочекуваната, најдобро е да ја започнеш со топла, миризлива купка. Доколку си напната, а сакаш да се смириш за симпатијата да не забележи твојата нервоза, избери купка со мирис на лаванда или ванила. Доколку сакаш да се разбудиш и да си ја вратиш енергијата по напорниот ден, ти го препорачуваме мирисот на лимон, портокал или рузмарин. Само те советуваме водата да не биде премногу топло, бидејќи не сакаме да заспиеш!

# Ноктите раскажуваат приказна

Доколку некогаш сакаш да додадеш бои, тогаш новогодишната забава е вистинскиот момент за тоа. Оваа сезона доминира црвената боја и сите нејзини нијанси, црната мат и црна со бисерен сјај, сребрена и златна, беж, кафената, зелена, како и деликатната бела и жолта. Ноктите можеш да ги украсиш со луди налепници. Доколку сепак се одлучиш за минималистички, класичен маникир, украси го со деликатки точки на почетокот на почетоците на ноктот или на самиот крај на ноктот. Можеш да нацрташ хоризонтални или вертикални линии, а можеш да ги обоиш ноктите во две бои или нијанси. Множности има многу.

# Прстен во коса

Тин ѕвездата Shay Mitchell ни даде супер идеа за новогодишна фризура - „messy“ плетенка, украсена со прстенче. Доколку се одлучиш за ваква фризура, откако ќе ја исплетеш плетенката, олабави ја, бидејќи не е работата да изгледа уредно. Прстенот кој ќе го одбереш како украс мора да биде прицврстен за плетената. Нека тоа биде детаљ со кој ќе привлечеш внимание. 

# Црвено и златно

Постојат две бои со кои на новогодишната ноќ не можеш да погрешиш, а тоа се црвена и златна! И не само кога е гардеробата во прашање, туку ова важи и за „make - up“. Знаеме сите дека црвениот кармин е пренападен за дневна варијанта, но за вечерва, особено за новогодишната ноќ е полн погодок. Важно е само да нанесеш тенок слој, толку колку усните да се зацрвенат, бидејќи инаку ќе оставаш траги на чашите и образите. Црвениот кармин комбиниран со пудра која содржи златни честички ќе биде сосема доволен за одличен изглед.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: