Врвни мејкап совети за почетници: Мали трикови како подобро да ја исцртате устата
Мејкап артистите имаат неколку трикови во ракав...
Дали е доволно само со моливче да ги исцртате усните надвор од линијата и да ставите кармин? Доколку се прашуваат професионалците, за исцртување на усните потребни се уште неколку чекори за крајниот резултат да изгледа најдобро.
Тие имаат три главни совети што секогаш им ги даваат на своите клиенти:
# Ставете хајлајтер на врвот на горната усна
Врвот на горната усна треба подолнително да го нагласиш со хајлајтер. Особено на оние девојки кои имаат рамни усни, оваа помош ќе им биде добредојдена. Доколку на овој дел ставиш малку хајлајтер, тоа ќе ти помогне подоцна кога ќе ги исцртуваш усните со моливче. Освен тоа, овој чекор ќе ти помогне и да го одвлечеш вниманието на твоите усни и да создадеш илузија дека имаат повеќе волумен.
# Моливчето за усни да биде во вистинската нијанса
Ова можеби е најтешкиот дел, иако не изгледа така. Сети се на девојките кои си ги гледала во град, а на чии усни разликата изгледа прегрдо. Грешката која многумина ја прават е што користат потемно моливче. Се препорачува да одбереш моливче за усни која е во „nude“ нијанса, која за ронка е потемна од бојата на твоите усни.
# Фокусирајте се на средишниот дел на усните
За усните да ти изгледаат пополни, не треба само да ја следите својата линија на усните и лесно да ја исцртате, туку треба со помош на моливчето да го промениш обликот на усните. Горниот дел на усните треба да го исцрташ така што ќе изгледа поокругло, а доколку немаш многу изразен дел на горната усна, него би требало да го споиш со моливчето, за целата горна усна да изгледа позаоблено. Кај долниот дел на усните е важно да ја следиш линијата на своите усни, а само на средина да исцрташ надвор е неа. Така ќе изгледаш поубаво и поприродно.