За првпат без широка облека: Обожавателите на Били Ајлиш шокирани поради нејзините големи гради
Познатата пејачка со појавувањето без препознатливата широка облека покрена лавина коментари за нејзиниот изглед...
Американската пејачка и текстописец Били Ајлиш е фотографирана на улиците на Лос Анџелес без нејзиниот препознатлив знак - широката облека.
Имено, пејачката ја избегнува тесната облека која и ја нагласува линијата на телото и сето тоа со цел да не предизвикува коментари на сметка на својот изглед и сексуалност.
Во текот на кариерата Били имаше специфичен поглед на своето тело и на тоа како мажите го дефинираат. Наместо да ги покаже своите женски облини за да ја придобие публиката, Били во своите видеа обично носи тренерки, дуксери и широки маички, за во прв план да остане само нејзиниот вокал.
Иако музиката е главна причина, Били инаку имала негативно мислење за своето тело и не ѝ се допаѓа тоа што жените на јавната сцена станале само „сексуален објект“.
Таа сега ја промени својата препознатлива дневна комбинација и се прошета само во тесна маичка на прерамки, широки шорцеви, папучи, а на себе имаше и чорапи, па потврди дека новиот тренд кој го започна Дејвид Бекам - папучи и чорапи - ќе го освои светот.
Нејзините обожаватели се шокирани што конечно ја гледаат градбата на телото на својата омилена пејачка и не им е познато дали таа се има поправено за време на карантинот или пак инаку има „крупна градба“.