За убава коса ве дели само една состојка што се крие во многу шампони

За убава коса ве дели само една состојка што се крие во многу шампони

Објавена во: Мода // Moj стил

Потрагата по идеален шампон за коса понекогаш умее да биде долготраен и „болен“ процес.

Произведувачите од сите страни не бомбардираат со егзотични состојки за кои никогаш не сме чуле, а сите по ред ветуваат дека токму нивниот производ вашата коса ќе ја направи најубава. Освен што е тешко да се одбере од богатата понуда, мали се шансите дека од прва ќе налетате на „оној вистинскиот“ и најверојатно ќе продолжите со незадоволство да ги менувате шампоните од месец во месец, надевајќи се дека случајно ќе ви се посреќи.

Но, тоа повеќе не мора да биде така, бидејќи за да имате убава коса ве дели една состојка, која се крие во многу шампони, а би требало да ја избегнувате.

Станува збор за сулфатот, кој делува штетно на косата и освен нечистотијата, од влакната ги отстранува природните масла и влагата, што ви ја прави косата поизложена на надворешните влијанија.

Освен во шампоните, се наоѓа и во другите производи за коса, како што се регенератори, гелови, пени и слично. Затоа при секое купување на препарати за коса, би требало да ја проверите дали содржат сулфат и да ги одбирате оние производи кои немаат, бидејќи единствени тие се гаранција за убава коса.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: