Забава во вашата бања со „Lush“!
Бројот на корисници на светски познатиот бренд за рачно направена, свежа козметика Lush, е во постојан пораст. Слободно можеме да кажеме дека едни од најверните и секогаш возбудени кога ќе ги видат производите на Lush, се младата популација.
Тоа не е чудно, затоа што производите на Lush се секогаш шарени, убаво мирисаат и се забавни, а токму тоа го бараат младите.
Забава во вашата бања.
Порано, еднинствено што постоеше за дополнителна нега на кожата во бањата, беше морската сол која се додаваше во кадата. Но потоа се појави Lush.
Капењето не е само еден досаден ритуал, кој мора да го правиме за да бидеме чисти. Капењето може да биде забава, може да биде задоволство, дури и омилениот дел од денот кој ќе го очекувате со нетрпение. Веројатно не постои некој што не слушнал за “бомбите” на Lush. Тоа се пенливи, шумливи или желе купки, кои содржат етерични масла, путери, морски алги и најзабавниот дел - бои, кои се раствараат во кадата и ви приредуваат уникатен спектакл.
Во секоја сезона Lush носи нови изненадувања, секогаш оригинални и креативни. Купките во Lush се збогатија со неколку нови, шумливи и пенливи новогодишни и божиќни изданија.
Shoot For The Stars е шумлива купка со маѓепсувачки мирис на мед и карамела. Никој неможе да остане рамнодушен на нејзината небесно сина боја и светкави ѕвездички кој се полни со органски какао путер.
За сите принцези и оние што се чувствуваат така, тука е Snow Fairy шумлива желе купка, која ќе ве однесе во светот на магијата и бајките со слаткиот мирис на лижавче. Морските алги ја негуваат кожата и ја прават оваа купка да биде желе.
Доколку сакате забава, можете бањата да ја претвотите во диско, со The World’s Smallest Disco шумливата топка. Маслата од лајм, грејпфрут и коњак ќе ви го подобрат раположението и ќе уживате на својата забава.
Cheery Christmas носи ново искуство со мирис на црна рибизла и масло од бучи.
А за сите оние кои сакаат меурчиња...
Candy Mountain Yule Log за планина од мека пена. Мирис на колаче кое ќе ве врати во детството.
Magic Want е пенлива купка во форма на волшебно стапче. Ставете го под силен млаз на вода и замислете желба.
И ниту еден Божиќен празник не е целосен без Божиќно џуџе. Пенливото џуџе на Lush e Naughty Elf во кое е додаден апсолут од лист на манго. Спремете се за манго Божиќна бања.
За повеќе информации, посeтете ја нивната веб страна www.lush.com.mk
или нивниот штанд на приземње во City Mall.