Заплива во актерските води: Адисон Реј ќе глуми во римејкот на „She's all That“
Нејзиниот лик ќе биде инспириран од ликот кој го игра Фреди Принц Џуниор...
Адисон Реј ќе ја игра главната улога во римејкот на култната тинејџерска комедија „She's all That“ од 1999 година.
Филмот, кој го прослави актерот Фреди Принц Џуниор е последен во низата филмови кои холивудската продукција ги оживува, со снимање на нови верзии.
Во новата верзија на филмот, главната улога ќе ја има девојка, односно Адисон, а нејзиниот лик ќе биде инспириран од ликот на Зaкери Зак Силер, кој го играше Фреди. „She's all That“ го следи популарниот спортист од средно училиште, кој откако ќе го остави девојката, се обидува од „бибалицата“ да направи кралица на матурата.
И новиот филм има слична приказна: Адисон глуми инфлуенсерка кој од „бубалица“ ќе се обиде на направи згодно момче, секако до матурата.
Две работи се навистина позитивни: новото сценарио ќе го пишува истиот човек, кој го пишуваше и оригиналното: Р. Ли Глеминг, а филмот ќе го режира Марк Ватерс, кој беше задолжен за филмовите „Freaky Friday“ и „Mean Girls“.
Каков и да биде филмот, истиот ќе доживее комерцијален успех, ако поради ништо друго, тогаш барем популарноста која Адисон ја ужива на социјалните мрежа: само на ТикТок ја следам над 60 милиони луѓе, што ја прави најплатена личност на оваа мрежа.
Според неодамнешната проценка на магазинот Форбс, таа воедно е и најплатена ТикТокерка на светот, со заработка од 5 милиони долари за една година. Погледнете колку заработуваат останатите ТикТокери.