Милиони се во прашање: Колку заработуваат и кои се најплатени ТикТокери?

Милиони се во прашање: Колку заработуваат и кои се најплатени ТикТокери?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

ТикТок стана нова платформа на која многу млади луѓе ја истакнуваат својата креативност и успеваат да се прослават, а со тоа доаѓа и добра сума на пари! Дознајте кои ТикТокери се најплатени на светот и кои цифри се во прашање.

# Адисон Реј

Адисон е убедливо најплатената ТикТок личност со заработени 5 милиони долари од јуни 2019 година па до денес, а исто така е и најприсутна во медиумите.

# Чарли Ди Амелио

Чарли има импресивни 77 милиони следбеници и „тежи“ 4 милиони долари.

# Дикси Ди Амелио

Постарата сестра на Чарли се најде на третата позиција со 2,9 милиони долари.

# Лорен Греј

Лорен е многу близу до Дикси, со 2,6 милиони долари, а исто така се занимава и со пеење.

# Џош Ричардс 

И првиот маж на листата е всушност прилично зад жените на оваа листа, бидејќи има 1,5 милиони долари, но ќе се сложите дека и таа цифра од спонзори и соработници не е мала.

# Мајкл Ле

Шестото и седмото место имаат иста примамлива сума - 20 - годишниот Мајкл заработил 1,2 милиони долари.

# Спенсер Икс

Дури и последната личност на оваа листа, Спенсер Икс, го има својот прв милион - тој има 1,2 милиони долари, исто како и Мајкл.


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: