Запознајте го Мустафа Ахмед: Живее во Македонија, дегустира и оценува македонска храна, а сето тоа го документира на ТикТок
Мустафа Ахмед е момчето кое ни го привлече вниманието деновиве, и ни ги исполни срцата со милина.
Го забележавме на ТикТок, каде што е многу популарен, но популарен е и на Инстаграм, а дознавме дека има и Јутјуб канал. Досега има посетено 32 земји, ја напуштил работата за да патува низ земјите од Балканот, и на крајот од март, годинава, одлучил да живее три месеци во Македонија, Скопје.
Секоја чест за Мустафа кој за периодот поминат овде, научил по малку да го зборува и македонскиот јазик. Бил на повеќе места низ државава, а неодамна го посетил и Охрид. Подолу погледнете и некои од неговите видеа за Македонија кои ќе ве воодушеват и насмеат:
*Р.Х