Запознајте ја најмладата Инстаграм ѕвезда: Има 1 година, а заработува илјадници евра месечно

Запознајте ја најмладата Инстаграм ѕвезда: Има 1 година, а заработува илјадници евра месечно

Објавена во: Moj стил, Семејство

Благодарејќи на својата мајка, малиот Паркер Џорџ Максвел стана Инстаграм ѕвезда на само осум месеци

Британката Наташа Максвел направи Инстаграм профил во декември 2018 година со желба на едно место да ги објавува фотографиите од своето бебе.

Меѓутоа, во следните неколку месеци, фотографиите на малиот Паркер , кој сега има една година и 8 месеци, го привлекоа вниманието на корисниците на социјалната мрежа. Всушност, никој не можел да оддолее на неговата насмевка, па така малото момче започна да заработува огромна сума на пари.

Малиот Паркер рекламира модни брендови, Дизниевата „Магија на лед“, дури и замрзнувач, па така успеа да заработи неверојатни 10.000 евра кои, секако ги зема неговата мајка.

Наташа објасни дека момчето редовно добива бесплатна гардероба, а дизајнерите му ја поклонувале сметајќи дека тој најдобро ќе ја промовира на Инстаграм.

„Се овозможија многу можности за целото семејство и ова е доказ како луѓето може на добар и позитивен начин да ги користат социјалните мрежи“ - објаснува неговата мајка.

Наташа многу се труди околу сите детали на профилот. Поминува по 9 часа секој ден уредувајќи го Инстаграм профилот и вели дека ова и е замена за регуларна работа, бидејќи таа ништо не рбаоти.

Мајката истакнува дека неговата насмевка е најголемиот виновник за успехот на ова мало момче.

Објавена во: Moj стил, Семејство

Можеби ќе ве интересира: