Зендаја ја скрати косата: Нејзината нова фризура е многу слична со онаа на Џена Ортега (ФОТО)
Можеме да погодиме како девојките започнаа нов тренд. Овие фризури ќе бидат барани во фризерските салони.
Зендаја, која го толкуваше главниот лик во серијата „Еуфорија“, на Инстаграм ја покажа својата нова фризура.
Ги скрати долгите кафени бранови, но и ја осветли косата за неколку тонови, па сега има топла кафена нијанса, прошарана со прамени во боја на мед. За оваа трансформација е одговорна нејзината фризерка Урсула Стивен.
Изгледот воодушеви многу познати личности кои оставија позитивни коментари, меѓу кои и нејзината колешка Сторм Рид и познатата дизајнерка Вера Ванг.
Оваа фризура е тотално во стилот на деведесеттите, а исто таков е и модниот аутфит што го носеше за објавата на Инстаграм. Таа облече бела маица со кратки ракави, а одозгора облече црн елек со светки. Ги искомбинира со црни панталони со висок струк, а изгледот го комплетира со црн ремен со златна тока. Од модните додатоци носи елегантни обетки и впечатливо златно ланче.
Можеме да кажеме дека со оваа нова фризура не потсети на актерката Џена Ортега, која пред неколку дена исто така ги изненади своите обожаватели со тоа што ја скрати косата во разбушавен боб.
Бидејќи овој тип на фризура е многу лесен за одржување, веруваме дека многу девојки ќе дојдат во фризерски салон со фотографија од Зендаја или Џена и ќе побараат токму таква фризура од нивните фризери.
Извор: teen385.dnevnik.hr