Зендаја во изолација сними филм со креаторот на „Euphoria“: Погледнете ги првите фотки

Зендаја во изолација сними филм со креаторот на „Euphoria“: Погледнете ги првите фотки

Објавена во: Stars // Филм

И додека целиот Холивуд е на пауза од снимања поради пандемијата на вирусот Ковид-19, Зендаја реши да не одмара, туку вредно да работи на нови филмски остварувања. 

Младата актерка го сними филмот „Malcolm & Marie“, во кој покрај неа глуми и Џон Дејвид Вашингтон.

Првата фотографија, актерката ја објави на Твитер и веднаш предизвика лавина позитивни коментари.


Како што пишуваат американските медиуми, филмот е снимен за помалку од две недели, помеѓу 17 јуни и 2 јули, во куќата Caterpillar, една од најубавите архитектонски решенија во Калифорнија. Како што соопштува продукцијата, почитувани се сите мерки на заштита од вирусот.

Помеѓу останатото, актерите морале самите на себе да си ги наместат микрофоните, како и сами да се облекуваат, поради што на снимањето во секој момент можело да има само 12 луѓе.

Целата екипа што работела на филмот, за време на снимањата престојувала на посебен имот, за да се избегне можноста од заразување.

Сценариото на филмот е дело на креаторот на серијата „Euphoria“, Сем Левисон и истото е напишано за само шест дена. Откако снимањето на серијата е прекинато, Зендаја го побарала и го замолила за помош. 

Иако деталите не се знаат, изворите тврдат дека приказната е слична на онаа од филмот „Marriage Story“.

Може да ве интересира:

Зендаја „фатена“ со колегата: Делуваат ли заљубено?

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: