Зендаја „фатена“ со колегата: Делуваат ли заљубено?

Зендаја „фатена“ со колегата: Делуваат ли заљубено?

Објавена во: Stars // Филм

Сѐ започна кога заедно работеа на еден проект, а тоа сега очигледно се претвори во романса...

Актерката Зендаја и нејзиниот колега Џејкоб Елорди се „пар“ за кој медиумите пишуваат веќе со месеци. Се уште јавно не кажаа дали се заедно или не, но изгледа дека помеѓу нив сепак има нешто.

Дека се блиски, потврдија и фотографиите кои ги направија папараците во Њујорк. Видени се заедно како пијат сок, се смеат, прегрнуваат и зборуваат.


Овој „пар“ се запозна на снимањето на серијата „Еуфорија“, а помеѓу нив, изгледа како отсекогаш да има одредена хемија.

За тоа како е да се работи со Зендаја, Џејкоп кратко прокоментира на овој начин: „На снимањето бевме како семејство, на сетот поминувавме многу часови заедно“. И додека новиот пар го окружуваат само тајни, ние и понатаму чекаме официјална потврда за тоа дали се во врска.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: