Жените полудеа по „евтините“ сандали што ги носевме како деца: Во продавниците има листи на чекање, се продаваат како алва
Во светот ги нарекуваат „jelly shoes“ по истоимената компанија, основана од Тони Алано и Николас Гајон во 1980 година во Париз, која ги популаризираше како удобен и безбеден избор на обувки со кои можете да пливате и во море.
Гумени сандали кои децата ги носеа на плажа во осумдесетите години од минатиот век, летово ги зазедоа светските модни центри.
Гумените сандали првично беа направени од пластика и гума во широк спектар на облици и бои, а материјалот обично беше проткаен со светкав сјај.
Благодарение на летната колекција на брендот The Row за 2024 година и моделот „Мара“ што сестрите Олсен го претставија во Париз на крајот на минатата година - тие се вратија во мода.
А притоа, важно е да се каже дека не само што се носат на плажа, туку станаа и ѕвезди на бројни street style комбинации.
„Мара“ сандалите беа достапни во четири бои: бела, виолетова, сина и црвена, а се продаваа по цена од 799 евра. И да - се распродадоа за кратко време.
Во својата колекција ги има и оскаровката Џенифер Лоренс, која е голем љубител на нетипични, удобни и рамни сандали за лето.
Носталгичните сандали на плажа се оживеани во колекциите на други познати производители на обувки.
Грчката дизајнерка Кристина Мартини, која стои зад брендот Ancient Greek Sandals, експериментираше со нивниот изглед и функција, а може да се најдат во колекциите на подостапни брендови како Mango.
Гумените сандали за плажа се носат на улиците на светските модни метрополи.
Фото: ИнстаграмИзвор: Najzena.alo.rs