Зимава ќе се носат капути во боја: 3 бои кои ќе бидат полн погодок
Капутот е парче облека која во есен и зима ја има главната улога и без него не можеме да си ја замислиме сезоната. Бидејќи го носиш неколку месеци, важно е навистина да ти се допаѓа и да ти одговара на комбинацијата која ја носиш. Затоа голем дел од нас имаат класичен модел во црна, кафена или сива боја. Но, последната сезона многу популарни се моделите со поживи бои. Затоа издвоивме неколку такви модели со кои ќе можеш да го потполниш својот плакар.
# Розев
Доколку си една од оние личности кои гледаат на светот низ розеви наочари, тогаш оваа боја на капут е идеална за тебе. Можеби мислиш дека во оваа боја ќе изгледаш како Барби кукла, сепак треба да му дадеш шанса. Ваквиот капут може да ја подигне и најздодевната модна комбинација, а тебе може да се лансира помеѓу најубаво облечените во друштвото.
# Жолт и портокалов
Поради недостатокот на сонце, во овие бои можеш да си бидеш самата на себе сонце. За една од овие бои не може да се одлучи секој, но оние храбрите нема да погрешат со овој избор. Иако на прв поглед не изгледа така, сепак е многу едноставно да се искомбинира и да се вклопи со многу бои.
Овие модели, но и многу други може да најдете online на официјалната веб страница на Fashion Group Македонија.