Животната приказна на ученичката Мирсада Хаџиќ: Никогаш не сум била на море, не го знам неговиот мирис и чувството на песок под нозете

Животната приказна на ученичката Мирсада Хаџиќ: Никогаш не сум била на море, не го знам неговиот мирис и чувството на песок под нозете

Објавена во: Совети // Семејство

Несекојдневната приказна за младото девојче од Босанска Дубица кое ги работи најтешките физички работи и се бори секојдневно за да и помогне на својата фамилија, многу луѓе ги остави без зборови.

Мирсада Хаџиќ е ученичка во прва година гимназија. Од свои 10 години била приморана да ги научи сите земјоделски работи. Татко ѝ се разболел, а таа заедно со мајка ѝ и сетстра ѝ, уште како дете имала само една цел – да му го олесни нималку лесното секојдневие на својот татко.

„Имаше период кога имав премногу работа. Ја изорав целата земја, 100 дунума. Оние кои знаат за дунуми, знаат колку многу е тоа.“ – раскажа Мирсада.

За оваа храбра и исклучително вредна девојка, многу луѓе од Босанска Дубица имаат само пофални и убави зборови. Таа сама се грижи за подготовките за зима и затоплувањето, вози трактор, ја молерисува куќата, се грижи за целата стока.

„Работам преку денот, а навечер пред спиење ги земам книгите да прочитам некоја лекција, за да не добијам единица. Младината денес гледа како да излезе по кафани, да пие, да се журка.“ – изјави таа и се надоврза дека нејзините врсници, кои слободното време го поминуваат на комплетно спротивен начин од нејзиното, не можат да ги разберат нејзините навики.

„Најлошо и најжално ми е тоа што другите се исмејуваат на моја сметка, малку ми смета тоа, но сепак ги пуштам да прават што сакаат. Тоа оди на нивна душа. Да сум јас на нивно место, ќе се засрамев. Некои ме прашуваат зошто не излегувам во град, јас им велам дека не можам. Пред се’ ќе му помогнам на татко ми, отколку да трошам пари наоколу.“ – низ солзи раскажува ученичката.

Поради многубројните работни обврски што ги има секој ден Мирсада не може да постигне максимално да му се посвети на учењето, но и на својот приватен живот.

„Никогаш немам отидено на море. Никогаш немам ниту го почувствувано мирисот на морето, тој песок под нозете кој сите од моето друштво го почувствувале, а јас не можам да отидам на море, бидејќи имам се повеќе и повеќе работа околу земјоделието.“ – кажа Мирсада.

Таа за крај напомена дека секогаш треба да им се помага на родителите додека ги имате, бидејќи кога ќе ги немате, ќе жалите. Оваа средношкола со својот пример одржа многу важна лекција за тоа како треба да се однесуваат децата кон своите родители и кон животот воедно.



Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: