Зошто Марадона на гробот на Дражен Петровиќ однесе 62 ружи? „Ел Пибе“ го гледаше еднаш и не го заборави
Аргентинецот добро го запомнил...
Смртта на Диего Арманда Марадона претставува и заминување на еден од најголемите фудбалери на сите времиња. Но, Марадона не го сакал само фудбалот.
„Ел Пибе“ генерално беше голем љубител на спортот, а еден од оние кои ги следеше и гледаше беше кошарката.
Марадона во текот на 80 - тите и 90 - тите години од минатиот век беше најголема ѕвезда кога е светскиот фудбал во прашање, но надвор од теренот на кој доминираше имаше и миленици во другите спортови.
Еден од кошаркарите кои посебно ги запомнил беше Дражен Петровиќ, „кошаркарскиот Моцарт“, кој во текот на 80 - тите и раните 90 - ти доминираше на паркетите ширум Европа и светот.
Сепак, Петровиќ во 1993 година во сообраќајна несреќа загина многу млад. Една година подоцна, Марадона го посети неговиот гроб во Загреб и остави две работи - дрес од Аргентина со број 10 и 62 ружи. Тие ружи биле симболични.
Подоцна се дозна дека Марадона гледал една од незаборавните игри на Дражен во дресот на Реал Мадрид, кога постигнал 62 поени против Снајдер.
Марадона очигледно никогаш не го заборавил тој натпревар...