Дневен хороскоп: Раковите да внимаваат на своето здравје, Стрелците во односот со партнерот
Овен
До крајот на неделата ве очекуваат интересни вести во врска со службеното патување. Пазете се од ненадејни решенија кога се во прашање односите со партнерот, бидејќи вашиот партнер не е расположен за вакви изненадувања.
Бик
До крајот на неделата ќе бидете под силно влијание на она што се случува во семејниот круг. Обидете се да гледате на овие работи малку поинаку и малку послободно. Можни проблеми со 'рбетот.
Близнаци
Комуникацијата со партнерот и неговите родители/семејството е многу подобра затоа што вложивте многу повеќе труд отколку порано. Во следните неколку дена од вас се очекува многу повеќе отколку што можете да замислите на деловен план.