Како да победиш во секоја караница!
Речиси никогаш не
успеваш да ги одбраниш своите ставови и секогаш остануваш без зборови?! Со само
неколку трикови ќе станеш супер соговорник...
# Избегнувај ги речениците кои започнуваат со „ти“ или „вие“, бидејќи така автоматски ја префрлаш вината на сротивната страна. Подобро започни ја реченица со „Мислам дека...“.
# Секогаш држи се до темата. Ако за нешто се расправаш со твојата другарка, не ги спомнувај нејзините грешки од минатато, бидејќи тогаш ќе мисли дека немаш повеќе аргумети за расправата да продолжи.
# Слушај. Мораш да ја земеш предвид и другата страна од приказната, за да можеш подобро да го подготвиш одговорот.
# Искористи го разумот. Испадите на бес не се одлика на квалитетните „кавгаџии“. Доколку ја почувствуваш крвта во глава, побрзо смисли изговор и оддалечи се.