По должина и ширина, ја прошета цела Италија: Марија Спасовска од Рим, преку Сан Џимињано, Тоскана, Чинкветере уживаше во убавините на оваа земја
Младата пејачка Марија Спасовска која македонската јавноста ја запозна како претставничка на Македонија на Детската Евровизија во 2018 година, денес успешно се пробива на македонската сцена со сериозни музички проекти.
Марија како и сите млади активна е на социјалните мрежи, па изминатиот период не освежи со неколку галерии од фотографии со убавините на Италија.
Судејќи според објавените фотографии пејачката „по должина и ширина“ ја прошета земјата на минатото, љубовта, тестените и фудбалот, Италија.
Од Рим и популарната знаменитост – Фонтана Де Треви, преку Сан Џимињано, Тоскана, Чинкветере, Сиена, Пиза, Фиренца, Трст.
На ова патување Марија одбрала тренди облека која одлично и прилега на нејзината става.
Пејачката оваа година заврши средно образование во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“.
Фото: Инстаграм