„Сите ние да бидеме свои херои и сами да го пронајдеме патот до нашиот успех“ – Пораката на Тамара Волческа во новата песна „Херој“ (ВИДЕО)

„Сите ние да бидеме свои херои и сами да го пронајдеме патот до нашиот успех“ – Пораката на Тамара Волческа во новата песна „Херој“ (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Познатата пејачка Тамара Волческа го промовираше своето ново музичко парче, синглот кој го носи насловот „Херој“. Тамара за новата песна сними и спот, кој е работен на неколку локации, а направен е под режисерската палка на Ивона Јо, која е нејзина најголема поддршка. 

Во спотот ја гледаме Тамара во едно ново руво, односно различна од се она што досега сме навикнале од неа. „Херој“ е брза и енергична песна која ја враќа надежта во едноставните дела кои внесуваат задоволство и оптимизам во животот. Херојот е Тамара која се обидува да се спаси сама себе во периоди кога била мала и незаштитена. 

Пораката на овој проект е сите ние да бидеме свои херои и сами да го пронајдеме патот до нашиот успех, како што токму тоа го прави Тамара на крајот од видеото, каде што си дава аплауз сама на себе. 

Текстот е напишан во еден здив, а на истиот се потпишува Тамара.

Музиката е на Дамир Пух и Наташа Миха кои ја донесоа оваа песна до нејзината финална верзија во GreenRoom Sound Studio. 

Голема благодарност и до Ива Спасовска, како и Афтентика кои се погрижија за стајлингот. Овој музички проект на Тамара докажува дека со многу труд и напорна работа, може да се биде успешен во реализирање на целите.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: